Утрински Весник
Свет

ЕУ воведе ембарго за увоз на јаглен и вотка од Русија

ЕУ воведе ембарго за увоз на јаглен и вотка од Русија

Членките на Европската Унија синоќа одобрија нови санкции против Русија, кои вклучуваат ембарго за увоз на руски јаглен, дрва и вотка.

Санкциите се однесуваат и на замрзнување на средствата на неколку руски банки, продолжување на забраната за извоз на оружје и други видови извоз во вредност од околу десет милијарди евра.

Европската комисија ги предложи новите санкции по фотографиите од киевското предградие Буча. Членките на состанок на амбасадорите го одобрија предлогот.

Високи претставници на ЕУ најавија дека ако Русија продолжи да ја напаѓа Украина, може да следи целосна забрана за увоз на сите фосилни горива од Русија.

Можете да прочитате

Ретка и опасна варијанта на ебола се шири во Конго – нема ниту вакцина

САД воведоа нови царини кон 60 држави

Нетанјаху: Пристапувањето на Саудиска Арабија кон Аврамски договори ќе биде „историско“