Утрински Весник
Спорт

Халилхоџиќ нема среќа со СП – му подготвуваат отказ во Мароко

Халилхоџиќ нема среќа со СП – му подготвуваат отказ во Мароко

Легендарниот Вахид Халилхоџиќ успеа да го однесе Мароко на Светското првенство во Катар по 4:1 победата над ДР Конго станувајќи прв селектор кој во четири квалификации однел една репрезентација на мундијал, но може да остане со само едно играње на СП по шпекулациите дека му се подготвува отказ.

Србинот Бора Милутиновиќ и Бразилецот Карлос Алберто Пареира имаат по пет пласмани на СП, но тие двајца некои репрезентации ги имат преземено пред пласманот или државите биле домаќини. Но, популарниот Ваха, само со Алжир беше на СП во 2014 (кога стигна до осмина-финалето) откако Брегот на Слоновата Коска го отпушти пред СП во 2010, а на минатото СП во Русија се пласираше со Јапонија, но се раскара со луѓето од Федерацијата.

Проблемот во Мароко е тоа што тој ги исклучи првите ѕвезди на тимот, Хаким Зијеш, Аберазак Хамдала и Нусаир Мазрауи, поради дисциплински причини. Претседателот на Фудбалскиот сојуз, Фузи Лекжа, изјави дека Ваха има поддршка, но дека никој не е незаменлив и дека најдобрите фудбалери треба да играат на мундијалот.

> Халилхоџиќ нема среќа со СП – му подготвуваат отказ во Мароко <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина