Утрински Весник
Македонија

Тренчевска по повод Денот на Ромите: Заедно до поголема вклученост на ромската заедница во општеството

Тренчевска по повод Денот на Ромите: Заедно до поголема вклученост на ромската заедница во општеството

„Човековите права, еднаквоста и недискриминацијата се високо поставени на агендата на Владата и Министерството за труд и социјална политика. Создаваме едно општество за сите. Општество во кое секој граѓанин во државата ќе ги ужива своите човекови права,“ рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во своето обраќање преку видео порака, на заеднички настан на општина Струмица и „Ромактед“ Програмата во пресрет на 8 Април -Меѓународниот ден на Ромите.

Таа истакна дека согласно Програмата на Владата 2022-2024 година и Оперативниот план за активни програми и мерки за 2022 година, за прв пат, се воведува квота од 5% за опфатеност на Роми, во сите активни програми и мерки, со што се овозможува нивно поголемо вклучување на пазарот на труд.

„Исполнувањето на еден од приоритетите и дел од Програмата на Владата претставува усвојувањето на новата Стратегија за инклузија на Ромите 2022-2030, со која што се предвидени, политики и мерки со кои што се создаваат поголеми можности за инклузија за Ромите во сите општествени текови,“ рече Тренчевска.

„Заедно, продолжуваме да се залагаме и имплементираме политики, преточени во реални решенија кои придонесуваат за поголема правичност, еднаков пристап до ресурси, поголем пристап до здравство, образование, социјална заштита, вработување, домување и вклученост на Ромите во нашето општество“, порача Тренчевска.

Можете да прочитате

На ГП Табановце и Богородица се чека околу 30 минути

Сончево со мала до умерена локална облачност

Под контрола два пожари на отворен простор