Утрински Весник
Економија

Цените на дизелот и бензинот остануваат исти

Цените на дизелот и бензинот остануваат исти

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 и на еуродизел (Д-Е V) како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,492 ден/кг и сега ќе изнесува 52,662 ден/кг.

Од 8.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС – 95 81,00 (денари/литар)

Моторен бензин еуросупер БС – 98 83,00 (денари/литар)

Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 82,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 52,662 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,882%, кај дизелот за 1,483%, кај екстра лесното масло има зголемување за 0,917% и кај мазутот намалување за 3,347%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,049%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 8.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени

Можете да прочитате

Битиќи: Владата ја задолжува државата без план каде ќе завршат парите

Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција достигнува портфолио од 1,7 милијарди евра

Промовирана нова платформа за дигитално управување со земјоделско производство