Утрински Весник
Магазин

Даниел Крејг позитивен на Ковид-19, претставата „Макбет“откажана

Даниел Крејг позитивен на Ковид-19, претставата „Макбет“откажана

Бродвејската претстава „Макбет“ е откажана до 8 април, откако во изминативе денови беа откриени позитивни резултати од тестот за Ковид кај ѕвездата Даниел Крејг.

Првично, откажувањата на претставата важеа за попладневните и за вечерните настапи, како што беше објавено на Твитер профилот на продукцијата. Исто така, беше потврдено дека сите билети ќе бидат вратени на првобитното место на купување. Тоа важи и за настапите до 8 април.

„Им се извинуваме на сопствениците на билетите за непријатноста, но безбедноста на нашата публика, актерската екипа и техничкиот тим останува наш главен приоритет“, се вели во соопштението објавено на социјалните мрежи.

Даниел Крејг (54), актерот од сагата за Џејсм Бонд, во моментов е актуелен со познатата Бродвејска претстава „Магбет“, базирана на драмата на Вилијам Шекспир, во Њујорк со актерката Рут Нега покрај себе.

Претставата требаше да се одржи во театарот „Лонгакре“.

Можете да прочитате

СЗО: Горештините го зголемуваат ризикот од предвремено породување

Дневен хороскоп за 25 октомври: Време за искрени разговори и мали промени

Бојана Нушкова позираше во погребен ковчег и со црна долна облека