Утрински Весник
Свет

(Видео) Чешка испрати советски тенкови во Украина, објавена снимка

(Видео) Чешка испрати советски тенкови во Украина, објавена снимка

Чешка стана првата членка на Европската унија која одлучи да испрати тенкови во Украина за да ѝ помогне на земјата во борбата против руската инвазија. На социјалните мрежи се појавија снимки од чешка телевизија на кои се гледаат советски тенкови Т-72 и оклопни возила како се товарат на вагони.

Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова очигледно го потврди испраќањето на тенкови во Украина. Таа на „Твитер“ објави дека Чешка испраќа суштинска воена опрема за украинските сили.

„Волстрит журнал“ денеска објави, цитирајќи чешки и словачки одбранбени претставници, дека ова е првпат странска земја да испрати тенкови во Украина од почетокот на инвазијата.

Претходно чешкиот портал „Ехо24“ објави дека станува збор за неколку постари, немодернизирани тенкови Т-72 од советската ера и неколку оклопни транспортери од типот БМП-1, кои претходно им припаѓале на резервистите на чешката армија.

Германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ претходно објави дека Берлин се откажал од своите приговори за приватни чешки трговци со оружје да извезат 56 оклопни возила БМП-1 во Украина.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени