Утрински Весник
Свет

Грција протера 12 руски дипломати

Грција протера 12 руски дипломати

Грција ќе прогласи 12 руски дипломати за „персона нон грата“ и ќе побара од нив да ја напуштат Грција, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Атина.

Генералниот секретар на грчкото Министерство за надворешни работи го информирал рускиот амбасадор за ваквата одлука и посочил дека руските дипломати не постапиле во согласност со меѓународните норми, изјави претставник на грчкото МНР, пренесува „Ројтерс“.

Италија вчера донесе одлука да протера 30 руски дипломати, потврди италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Маџо за ТВ каналот RAI-News-24.

Слични мерки презедоа владите на Франција, Шведска и Данска, додека Естонија нареди затворање на два руски конзулати и нареди персоналот да ја напушти земјата до 30 април.

Претставничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Москва соодветно ќе одговори на протерувањето на руските дипломати од европските земји.

Можете да прочитате

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери

Трамп: Во понеделник „голема изјава“ за Русија