Утрински Весник
Свет

СЗО: Смртноста од Ковид-19 опадна за 43 проценти во изминатата недела

СЗО: Смртноста од Ковид-19 опадна за 43 проценти во изминатата недела

Повеќе од девет милиони луѓе во светот се заразиле со корона вирусот минатата недела, а повеќе од 26.000 починале, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Според СЗО, стапката на смртност од коронавирусот е намалена за 43 отсто во изминатата недела.

„По зголемувањето забележано во првата половина на март, бројот на нови случаи на ковид-19 опаѓа втора недела по ред, со 16 отсто помалку случаи во неделата од 28 март до 3 април во споредба со неделата претходно. “, соопшти СЗО во неделниот епидемиолошки преглед.

Во периодот од 28 март до 3 април имало вкупно 10.351.818 нови заразени и 26.285 починати.

Бројот на нови инфекции е намален во сите шест глобални региони на СЗО, особено во Африка (19 проценти), Европа (16 проценти), Западен Пацифик (16 проценти), а бројот на смртни случаи е намален – особено во Југоисточна Азија, дури и 73 проценти и во Америка – 63 проценти.

Најголем неделен број на нови случаи на инфекција е забележан во Јужна Кореја, а потоа следат Германија, Франција, Виетнам и Италија.

Можете да прочитате

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација