Утрински Весник
Македонија

Владата годинава планира осум проекти за набавка на борбени возила и оружје

Владата годинава планира осум проекти за набавка на борбени возила и оружје

На предлог на Министерството за одбрана, Владата на денешната седница ја усвои Информацијата и го донесе Годишниот план за склучување на договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста, со влади на странски држави за 2022 година.

Како што информираат од владината прес-служба, планот содржи 8 проекти кои ќе се реализираат преку склучување на договори за набавка на стоки, услуги и работи во областа на одбраната и безбедноста, со влади на земји членки на НАТО.

„Согласно Планот за модернизација на Армијата се предвидени набавки на лесни оклопни возила на тркала (проект во континуитет), специјални возила за посебни намени, артилериски системи 105 мм и муниција 105 мм, ПВО систем на многу мали височини, ремонт на транспортни хеликоптери, опрема за извидување и разузнавање, комплет за контрола на здружен оган Joint Terminal Attack Controler (JTAC) и лесни оклопни борбени возила за специјални сили“, се наведува во соопштението.

Во него се нагласува и дека со наведената опрема ќе се зголеми опременоста на Армијата и нејзината интероперабилност со армиите на сојузничките земји.

Можете да прочитате

По 14 години работа се гаси „Ал Џезира Балканс“ – регионалната редакција заминува во историјата

Филипче: Ние знаеме кои сме и на кој јазик говориме, ова е загарантирано и со договорите со ЕУ

Мицкоски по повод 80 години од формирањето на Црвениот крст: Во периодот кој што следи ќе ја продлабочиме соработката