Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Медведев: Ќе изградиме отворена Евроазија – од Лисабон до Владивосток

Медведев: Ќе изградиме отворена Евроазија – од Лисабон до Владивосток
300x250 opst2

Еден од најблиските сојузници на Владимир Путин, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, на Телеграм објави која е крајната цел на Москва, пренесуваат меиумите.

Во изјавата за Телеграм, Медведев ги повтори отфрлените тврдења на Кремљ за „нацистички симпатизери во Украина“, велејќи дека дел од Украинците се молат за Третиот рајх во последните 30 години.

Во согласност со реториката на Кремљ, Медведев продолжува да ја доведува во прашање Украина како независна земја, наведувајќи ја „псевдо-историјата на украинската државност“, анализираат медиумите.

На крајот од неговата изјава се вели дека крајната цел на Москва во конфликтот е „да изгради отворена Евроазија – од Лисабон до Владивосток“.

Претходно, европските лидери разговараа за идејата за слободна трговска зона која се протега од португалскиот главен град, најзападниот во Европа, и Владивосток, рускиот град на Далечниот Исток каде завршува Транссибирската железница. Сепак, ваквите изјави на толку близок соработник на Путин веќе се оценети како причина за вознемиреност кај оние кои сметаат дека Москва има империјалистички амбиции надвор од Украина.

Медведев претходно рече дека тврдењата дека руските сили егзекутирале цивили во Буча се лаги и пропаганда на Украина и Западот и имаат за цел да ја дискредитираат Русија.

„Тоа се лаги кои созреаа во циничната имагинација на украинската пропаганда“, рече Медведев. „Тие лаги се измислени за огромни суми пари“, заклучи тој.

Можете да прочитате

Зеленски најави дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон 

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот