Утрински Весник
Магазин

Харисон Форд ќе глуми терапевт во серија на „Епл ТВ плус“

Харисон Форд ќе глуми терапевт во серија на „Епл ТВ плус“

Холивудската ѕвезда Харисон Форд го стави својот потпис за главна улога во првата голема телевизиска серија на „Епл ТВ плус“ под наслов Shrinking.

Ѕвездата од „Војна на ѕвездите“ ќе глуми заедно со Џејсон Сигел во претстојната серија комедија од 10 епизоди. Сигел е и коавтор и извршен продуцент на проектот заедно со Бил Лоренс и Брет Голдстајн.

79-годишниот актер го игра д-р Фил Родс, паметен, жестоко самоуверен терапевт, за кој се смета дека е „психијатар со сина вратоврска“ и легенда во терапевтскиот пристап наречен когнитивно бихевиорална терапија (КБТ).

Сепак, откако развива успешна пракса со неговите двајца ментори, на Фил му е дијагностицирана Паркинсонова болест, состојба која предизвикува тремор и ја забавува неговата работа.

Можете да прочитате

Како правилно да го чувате брашното за да остане свежо?

Влијанието на сексуалната активност врз телото и умот

Како да му дадете на телото пауза по празничните оброци?