Утрински Весник
Свет

Зеленски вели дека поради Меркел не влегле во НАТО, таа порача: „Останувам на својот став“

Зеленски вели дека поради Меркел не влегле во НАТО, таа порача: „Останувам на својот став“

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, порача дека стои зад одлуката на НАТО од 2008 година да не ја прифати Украина како членка на алијансата, одговарајќи на критиките за политиката кон Русија за време на нејзините 16 години на власт.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ги критикуваше Меркел и тогашниот француски претседател Никола Саркози, велејќи дека нивните одлуки на самитот на НАТО во 2008 година се пример за неуспехот на политиката кон Русија што придонеле за денешниот конфликт.

„Поранешната германска канцеларка д-р Ангела Меркел останува на своите одлуки во врска со самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година“, ја цитира германската новинска агенција ДПА изјавата на лице одговорно за медиумите.

„Поранешната канцеларка целосно ги поддржува напорите на федералната влада и меѓународната заедница, кои стојат покрај Украина, да стават крај на варварството што го спроведува Русија и војната против Украина“, се додава во соопштението.

Во 2008 година Украина побара пристап до НАТО, кој според некои информации, бил блокиран од Саркози и Меркел.

Во завршната изјава од самитот беше ветено идно членство за Украина, но без временска рамка за отворање акциски план за членство.

Можете да прочитате

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп