Утрински Весник
Македонија

Мицкоски во штабот на „Фидес“: Очекуваме нова победа за Орбан

Мицкоски во штабот на „Фидес“: Очекуваме нова победа за Орбан

Претседателот Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски на ВМРО-ДПМНЕ ги следат резултатите од изборите во Унгарија во изборниот штаб на Фидез.

„На покана на нашиот голем пријател и пријател на Македонија, Orbán Viktor, денес заедно со потпретседателот Aleksandar Nikoloski ги чекаме резултатите од парламентарните избори во Унгарија, во изборниот штаб на Fidesz. Очекуваме нова, четврта по ред победа за Fidesz и нов четврти по ред премиерски мандат на Виктор Орбан“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

Според резултатите од постизборната анкета спроведена од агенцијата Медијан, унгарската владејачка коалиција на партиите Фидес и Христијанско-демократската народна партија се победници на парламентарните избори со 121 место во 199-членото собрание.

Можете да прочитате

Уапсен Македонец во Германија за грабеж, жртвата починала од тешки повреди

Сашко Кедев прогласен за „Европска личност на годината“ за 2025

Уапсени седум возачи за безобѕирно управување возило, пет возеле без дозвола и двајца со активна забрана