Утрински Весник
Свет

Активирана бомба пред деловен простор во Подгорица – оштетени се возила

Активирана бомба пред деловен простор во Подгорица  – оштетени се возила

Два автомобили се оштетени во експлозија на бомба во Подгорица синоќа околу 23 часот.

Полициската управа неофицијално за порталот Вијести соопшти дека експлозивната направа била активирана пред деловен простор на булеварот Вељко Влаховиќ кај Стариот аеродром. Оштетени се возила „ВВ“ и „Ауди“.

Според неофицијални информации на Вијести, деловниот простор пред кој била активирана бомбата е во сопственост на Радојица Перишиќ. На тој објект е причинета мала материјална штета.

– При активирање на експлозивната направа се оштетени два автомобили. Им е причинета мала материјална штета – соопштија од Полициската управа.

Друг извор од Полициската управа изјави дека во експлозијата биле оштетени четири, а не два автомобили.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа