Утрински Весник
Свет

(Видео) Украинците на колена го пречекаа конвојот паднати војници

(Видео) Украинците на колена го пречекаа конвојот паднати војници

Украинскиот дипломат и поранешен амбасадор во Австрија, Олександер Шерба на својот Твитер профил објави видео од украинскиот народ како пречекува конвој возила со паднати војници.

Низ градот се движи колона возила во придружба на полициско обезбедување, а народот е покрај патот, клекнат, покажувајќи почит кон војниците кои застанаа во одбрана на својата татковина.

– Вака Украина им оддава почит на своите загинати војници – вели Шерба со видеото.

Можете да прочитате

ОН почнуваат евакуација на бродови заглавени во Персискиот Залив

ОН: Израел намерно ги напаѓал децата во Појасот Газа

Италија од руските олигарси заплени милијарди евра, јахти и авиони