Утрински Весник
Свет

Подољак: Русите брзо се повлекуваат од Киев и Чернихив

Подољак: Русите брзо се повлекуваат од Киев и Чернихив

Советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак изјави дека руските сили брзо се повлекуваат од северните украински региони Киев и Чернихив и дека нивната цел е да се консолидираат на истокот и југот на земјата.

– По брзото повлекување на Русите од регионите Киев и Чернихив и земајќи ги предвид сите движења на окупаторските сили, сосема е јасно дека Русија избра поинаква приоритетна тактика – напиша Подољак на Телеграмата, додавајќи:

– Целта на Москва е да се зајакне на исток и југ и остро да ги диктира нејзините услови. Ако сакаме да го деблокираме источниот дел и Херсон и колку што е можно да ги одвратиме Русите, тоа не можеме да го направиме без тешко вооружување – рече Подољак.

Можете да прочитате

СЗО прогласи глобална тревога поради нов бран на ебола 

Арагчи предупреди: Нов конфликт со Иран ќе им донесе многу повеќе изненадувања на САД и Израел

Русија и Кина ги усогласија маршрутата и начинот на градба на новиот гасовод