Утрински Весник
Свет

Нов извештај на британското разузнавање: Руските сили се повлекоа од аеродромот Хостомел

Нов извештај на британското разузнавање: Руските сили се повлекоа од аеродромот Хостомел

Руските сили наводно се повлекле од аеродромот Хостомел во близина на Киев, соопшти британското Министерство за одбрана во новиот разузнавачки извештај за ситуацијата во Украина.

Хостомел е во фокусот на Русија од почетокот на војната, а од првиот ден таму се водат тешки борби, бидејќи заземањето на тој аеродром значеше полесен пристап за Русија до главниот град Киев.

„ Украинските сили продолжуваат да напредуваат против руските сили кои се повлекуваат во близина на Киев“, се вели во извештајот на Министерството.

Украинските сили, исто така, повторно зазедоа неколку села долж источната воена оска, се вели во соопштението.

Се додава дека Украинците, по тешките борби, обезбедиле клучна рута во источен Харков по ослободувањето на Тростјанец на почетокот од оваа недела.

Во тек се обиди на украинските сили да напредуваат од Ирпин кон Буча и Хостомел по северозападната оска, се вели на крајот.

Можете да прочитате

Бројот на жртви од поплавите во Тексас достигна 70

ЕП ќе гласа за доверба на Урсула фон дер Лајен

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа