Утрински Весник
Македонија

Пожар во поранешно основно училиште во скопско Пржино, просториите се целосно опожарени

Пожар во поранешно основно училиште во скопско Пржино, просториите се целосно опожарени

Простории на поранешно основно училиште во скопско Пржино се целосно опожарени. Причините за пожарот не се познати, а огнените јазици брзо се проширија поради силниот ветер кој дува. Десетина пожарникари прават обид да го изгаснат, но засега, тој се шири.

Командирот на скопската Пожарникарната бригада, Sвонко Томевски, посочува дека не постои опасност пожарот да ги зафати и околните објекти.

„Тоа е напуштена барака. Има три возила таму, се интервенира во моментот. Не е страшен пожар, но станува збор за голема, долга барака, педесетина метри која е празна. Нема опасност да се прошири пожарот на околните објекти“, вели Sвонко Томевски.

Густите облаци од чад се шират и гледаат од повеќе населби на Скопје. Најмногу, од Кисела Вода. Гаснењето на пожарот го комплицира силниот ветер кој дува.

На терен, освен пожарникари, има и екипи на полицијата.

Можете да прочитате

Трендафилов: Владата и газдите си играат со животите на работниците

Во судството и 10.000 евра плата да им дадете, пак ќе крадат вели Туфегџиќ 

Трајановски: Нападите од Шилегов и Деспотовски се „стани ти да седнам јас“