Утрински Весник
Свет

Русите го напуштија Чернобил – украинците ја преземаа контролата над нуклеарната централа

Русите го напуштија Чернобил – украинците ја преземаа контролата над нуклеарната централа

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека Украина потврдила дека руските војници го напуштиле Чернобил.

Според нив, „тие ја префрлиле контролата над нуклеарната централа на украинците“.

Персоналот на фабриката рече дека нема повеќе „аутсајдери“ на локацијата, иако МААЕ претходно соопшти дека не може да го потврди тоа.

Украински Енергоатом вчера објави дека руските сили ја напуштаат нуклеарната централа и дека се упатуваат кон границата меѓу Украина и Белорусија.

Руските трупи ја презедоа контролата врз Чернобил на почетокот на инвазијата на Украина.

Можете да прочитате

Спречен заговор за убиство на Орбан

Камион се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа, најмалку 20 мртви

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа