Утрински Весник
Свет

Мариупол и хуманитарните коридори најголеми бојни полиња во Украина

Мариупол и хуманитарните коридори најголеми бојни полиња во Украина

Мариупол и хуманитарниот коридор меѓу двата источни града Изум и Волноваха стануваат главни боишта во Украина, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи.

– Русија ги повлекува своите сили од регионот на Киев, но рано е да се каже дека истото се случува и во регионот Чернихив – изјави советникот во украинското Министерство за внатрешни работи, Вадим Денисенко, пренесе Ројтерс.

Русија во вторникот објави дека ќе ги намали операциите во регионите на Киев и Чернихив, додека шефот на НАТО Јенс Столтенберг денеска оцени дека тоа е повеќе прегрупирање отколку повлекување.

Можете да прочитате

Иранците запалија џиновски транспарент со Трамп, Венс, Нетанјаху и Виткоф

Зеленски се надева дека победата на демократите во САД ќе ѝ помогне на Украина

Што ги поврзува поразите на Орбан, Вучиќ и Трамп?