Утрински Весник
Спорт

Партизан по осум сезони се враќа во Евролигата?

Партизан по осум сезони се враќа во Евролигата?
Dik 300x250 mk

Српскиот кошаркарски клуб Партизан од следната сезона ќе се врати во Евролигата, најавуваат медиумите кај нашиот северен сосед. Сезонава Евролигата остана без руските клубови кои беа исфрлени, што отвора простор за нови учесници.

Партизан се бори за титулата во АБА лигата, која сепак би му донела директен пласман во Евролигата, но извесно е дека тоа и да не се случи „црно-белите“ ќе добијат специјална покана од Евролигата.

„Партизан го има Жељко Обрадовиќ, солиден буџет, долгорочна визија, богата историја, фантастична публика и потенцијал да донесе повеќе пари од ТВ правата од српскиот пазар“, тврди литванскиот новинар Донатас Урбонас.

Покрај АБА лигата, Партизан може да избори и пласман во Евролигата со освојување на Еврокупот, а вајлд-картата е дури третата опција.

Партизан последен пат учествуваше во Евролигата во сезоната 2013/2014.

> Партизан по осум сезони се враќа во Евролигата? <

Можете да прочитате

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите

Струга го претрпе првиот пораз во шампионатот

Дејан Манасков не се враќа во репрезентацијата