Утрински Весник
Свет

Милановиќ: Некои велат дека сум Русин, а вчера бев Американец

Милановиќ: Некои велат дека сум Русин, а вчера бев Американец

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска во Плитвице изјави дека не сака Хрватска да се меша во ситуацијата во Украина повеќе од она што треба.

Тој вели дека е избран за претседател на Хрватска, а не за космополитски моралист.

– На некои не им се допаѓа, некои велат дека сум Русин, вчера бев Американец, не сакам Хрватска повеќе да се меша во тоа отколку што треба по инерција – рече Милановиќ.

Тој пред новинарите изјави дека никогаш не го коментирал рускиот претседател Владимир Путин и дека за него постои Русија како, како што рече, многу опасна земја.

– На Русија и треба нешто поинакво. Тоа е земја со 6.000 нуклеарни боеви глави, деструктивно оружје и други видови политичка култура. Не очекувам ништо од Русија. Имам очекувања од сојузниците, пред се од САД, тоа е моето семејство во поширока смисла. Русија не е – рече Милановиќ.

Тој додаде дека Русија ја нападна Украина и Украина е најголемата жртва, не Русија, а не Западот.

Можете да прочитате

Трамп: Пристапувањето на Канада кон ЕУ би можело да се смета за непријателски акт

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија