Утрински Весник
Свет

(Видео) Русија објави снимки: Уништивме тенкови, бази за гориво, убивме 60 националисти…

(Видео) Русија објави снимки: Уништивме тенкови, бази за гориво, убивме 60 националисти…

Руското Министерство за одбрана одржа брифинг. Ова се заклучоците од него:

– Единиците на руските вооружени сили, продолжувајќи ја офанзивата, ја презеле контролата над Золотаја Нива, ја преминале реката Кашлагач и зазеле поволна позиција;

– Напредокот бил 6 километри. Уништени се до 60 украински националисти, 2 тенка, 4 борбени возила на пешадијата, 9 возила за различни намени;

– Единиците на Луганската народна република, откако го завршиле чистењето на Житловка, напреднале 5 километри и се борат со националистите на периферијата на Кремена

Вечерта на 30 март, високопрецизни крстосувачки ракети уништиле големи бази со гориво во Дњепропетровск, Лисичанск, Чугујев и Новомосковск, кои ја снабдувале со гориво украинската воена група во Донбас.

Можете да прочитате

Околу 3.000 згради во Киев сè уште без греење по руските воздушни напади

Откриени првите детали од договорот: Еве што би можеле да добијат САД на Гренланд

Путин: Тоа што се случува со Гренланд воопшто не нè засега