Утрински Весник
Свет

(Видео) Се шири наводна снимка од руски војници: „Со пушки од 40-тите треба да се бориме против ракетни системи“

(Видео) Се шири наводна снимка од руски војници: „Со пушки од 40-тите треба да се бориме против ракетни системи“

На социјалните мрежи кружи снимка од разговор меѓу, наводно, млади руски војници, која може да послужи како доказ дека моралот на руската армија навистина паѓа, пишува британски „Тајмс“.

Момците вооружени со калашникови разговараат и меѓусебно се жалат дека се „фрлени во г**на“.

„Треба да ја знаете вистината! Руското Министерство за одбрана нема поим за нас или што правиме овде. Фрлени сме во г**на“, вели еден од нив, а пренесува „Тајмс“.

Велат дека имаат пушки од 40-тите.

https://www.youtube.com/watch?v=gjHPZqd2Aco

„Нашите пушки се од 40-тите. Не може да пукаат. Испраќаат обични студенти во војна“, ги цитира нивните изјави „Тајмс“.

На снимката наводно се гледаат членови на 15. посебна моторизирана бригада како се снимаат во задниот дел на камион кај Суми, во близина на руската граница. Таму во последните денови се водеа жестоки битки.

Еден млад човек носи руски шлем кој е преголем за него, покажува кон себе и вели дека има 18 години. Потоа зема калашников и вели: „Имаме автоматски пушки за борба против ракетниот систем Град, артилерија, минофрлачки гранати. Споделете го ова видео“.

Путин вети дека нема да испраќа млади, необучени регрути во војната против Украина. Неодамна, група заробени руски регрути изјавија дека биле измамени да веруваат дека војната е воена вежба и се извиниле за нивното однесување.

Можете да прочитате

Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија

Лавров се сретна со севернокорејскиот лидер

Откриена причината за падот на авионот на „Ер Индија“