Утрински Весник
Свет

„Гугл“: Руски хакери се обиделе да упаднат во мрежите на НАТО

„Гугл“: Руски хакери се обиделе да упаднат во мрежите на НАТО

Во извештајот на групата на „Гугл“, Threat Analysis, се наведува дека руски хакери неодамна се обиделе да упаднат во мрежите на НАТО и армиите на некои источноевропски земји.

„Гугл“ објави дека обидот за сајбер-напад го извршила група со седиште во Русија наречена „Колдрајвер“ или „Калисто“. Но, во извештајот не се наведува кои армии биле цел на она што се опишува како кампања за кражба на идентитет.

„Гледаме злонамерни сајбер-активности секој ден“, се вели во извештајот.

Можете да прочитате

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа

Папата Лав ги повика САД да не се обидуваат со воена сила да го соборат Мадуро