Утрински Весник
Свет

Висок дипломат на ЕУ: Путин мислеше дека работите одат подобро отколку што навистина се

Висок дипломат на ЕУ: Путин мислеше дека работите одат подобро отколку што навистина се

Путин мислеше дека работите се одвиваат подобро отколку што навистина се. Ова е проблем кога се опкружувате со мажи кои само ви кажуваат „да“ или едноставно седите со нив на крајот од многу долга маса, изјави за „Ројтерс“ висок дипломат на ЕУ.

На руските војници им било кажано да учествуваат во воена вежба пред инвазијата на Украина, но морале да потпишат документ за проширување на нивните должности, изјавија двајца европски дипломати.

„ Беа заведени, слабо обучени, а потоа пристигнаа во Украина, каде ги пречекаа Украинки кои личеа на нивните баби и им викаа да си одат дома. Во моментов нема знаци дека ситуацијата може да предизвика бунт во руската војска, но ситуацијата е непредвидлива и западните сили се надеваат дека несреќниот народ ќе проговори“, изјави висок европски дипломат за „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Трамп ја нарече Норвешка „скапана земја“ поради одлуката да не му биде доделена Нобеловата награда за мир

Нуњез: За време на протестите во викендот во Франција, приведени се 1.435 лица, полицискиот час е се уште на сила

Авион во Франкфурт се обидел да полета во погрешна насока