Утрински Весник
Спорт

Елверум се врати за импресивно реми со ПСЖ

Елверум се врати за импресивно реми со ПСЖ

Елверум губеше со пет гола разлика во второто полувреме, но успеа да се врати за 30:30 (13:15) реми со фаворизираните Пари Сен-Жермен во првиот меч од осминафиналето на ЕХФ Лигата на шампиони.

Гостите поведоа од стартот и на полувреме имаа два гола предност (13:15), која ја зголемија на пет гола (15:20) по само пет минути во второто полувреме. Норвешкиот тим не се предаде и предводен од Томас Солстад остана во игра, за потоа во последната секунда да обезбедат реми против ПСЖ, кои остануваат фаворити за пласман во четврт-финалето.

Солстад, кој се повреди во последните минути од мечот, заврши со 9 гола, Ерик Јохансон додаде седум гола, додека најдобар играч на Парижани беше Камил Сипжак со фантастични 11 гола.

Вечерва на програмата е второто осминафинале помеѓу Флензбург и Пик Сегед, додека утре РК Вардар го пречекува стариот познаник Веспрем во Скопје.

> Елверум се врати за импресивно реми со ПСЖ <

Можете да прочитате

Меланија Грозданова под радарот на Атлетико Мадрид – скаути ќе ја следат во Белград

ЗОИ 2026: Норвежанецот Бот олимписки шампион во биатлон

Победи за Шкендија и Тиквеш на стартот од вториот дел од МФЛ