Утрински Весник
Економија

Николовски: Договорното производство е најдобро решение за зголемување на домашното производство на храна

Николовски: Договорното производство е најдобро решение за зголемување на домашното производство на храна

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски одржа средба со претставници на земјоделски здруженија и преработувачи на којшто се разговараше за сите аспекти на развој на договорното производството на пченка и сончоглед.

На состанокот беа предложени мерки за развојот на ова производство и начинот на договарање меѓу двете страни за овие две суровини, пченката како важна суровина за производство на добиточна храна и сончогледот како суровина за маслото за јадење.

Николовски на состанокот посочи дека министерството веќе работи на мерки коишто ќе придонесат за зголемување на површините и приносите на овие две стратешки култури. Мерките ќе бидат насочени кон тоа што им е најважно во моментот на земјоделците, односно во делот на финансиска поддршка за набавка на вештачки ѓубрива.

Придобивките од развојот на овој модел се взаемни, земјоделците добиваат сигурен пласман, откупувачите и преработувачите сигурна домашна суровина.

Поддршката за договорно производство, за земјоделците значи мотив повеќе да ги насеат овие значајни култури. Николовски посочи дека целта е да се стават сите и земјоделци и преарботувачи во еден систем кој ќе гарантира сигурност на производството, што ќе приодонесе за зголемување на домашното производство на оваа значајни земјоделски култури.

Можете да прочитате

Наместо мерки им даде препораки, па сега Мицкоски им се налути на трговците што растат цените на производите

Кузеска:Животот во Македонија станува прескап, две минимални плати не се доволни за основните потреби

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ беа креатор на двоцифрената инфлација која го изеде стандардот на граѓаните