Утрински Весник
Економија

Николовски: Договорното производство е најдобро решение за зголемување на домашното производство на храна

Николовски: Договорното производство е најдобро решение за зголемување на домашното производство на храна

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски одржа средба со претставници на земјоделски здруженија и преработувачи на којшто се разговараше за сите аспекти на развој на договорното производството на пченка и сончоглед.

На состанокот беа предложени мерки за развојот на ова производство и начинот на договарање меѓу двете страни за овие две суровини, пченката како важна суровина за производство на добиточна храна и сончогледот како суровина за маслото за јадење.

Николовски на состанокот посочи дека министерството веќе работи на мерки коишто ќе придонесат за зголемување на површините и приносите на овие две стратешки култури. Мерките ќе бидат насочени кон тоа што им е најважно во моментот на земјоделците, односно во делот на финансиска поддршка за набавка на вештачки ѓубрива.

Придобивките од развојот на овој модел се взаемни, земјоделците добиваат сигурен пласман, откупувачите и преработувачите сигурна домашна суровина.

Поддршката за договорно производство, за земјоделците значи мотив повеќе да ги насеат овие значајни култури. Николовски посочи дека целта е да се стават сите и земјоделци и преарботувачи во еден систем кој ќе гарантира сигурност на производството, што ќе приодонесе за зголемување на домашното производство на оваа значајни земјоделски култури.

Можете да прочитате

Левица: Владата се откажува од гасификацијата – две милијарди денари скратени со ребалансот

СДСМ: Цените до плафон, платите во место – Мицкоски го турка народот во сиромаштија

УЈП започна контроли на приливите од странство остварени во текот на 2021 година