Утрински Весник
Македонија

Тренчевска – Мекачи: Продолжува соработката со ОБСЕ во областите на родова еднаквост

Тренчевска – Мекачи: Продолжува соработката со ОБСЕ во областите на родова еднаквост

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денес оствари средба со Матео Мекачи, директор на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу ОДИХР иминистерството, со акцент на политиките и активностите во областа на родовата еднаквост, недискриминацијата, унапредување на правата на лицата со попреченост, како и положбата, статусот и правата на Ромите, како ранлива категорија на граѓани.

Тренчевска ја истакна заложбата на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика, во воспоставувањето на целосна родова еднаквост во општеството и во таа насока ја посочи подготовката на новиот Закон за родова еднаквост, кој се очекува да биде донесен до крајот на оваа година. Притоа, таа информираше и за новата Предлог стратегија за родова еднаквост 2021-2026, која е во собраниска процедура, а со нејзиното усвојување Северна Македонија се насочува кон интегрирање на родовата перспектива во политиките и сузбивање на стереотипите како што се, насилството кон жените, унапредување на положбата во јавниот и приватниот живот во сите сфери на општественото живеење.

„Со Законот за родова еднаквост, очекуваме подобрување на механизмите за родова еднаквост на национално и на локално ниво, како и ефикасно функционирање на Ресурсниот центар за креирање на политики и родово одговорно буџетирање, кој го отворивме на почетокот на овој месец. Министерството продолжува да работи на креирање политики и мерки за вработување кои ќе ја намалат неактивноста на жените на пазарот на трудот, вклучување на жените Ромки, нивна активација и вработување, како и поголема инклузија на лицата со попреченост“, рече Тренчевска.

Таа се осврна и на претходно донесените законски решенија, како Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој усогласен со меѓународните стандарди и Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, целосно усогласен со Истанбулската конвенција. Исто така ја посочи работата на новиот закон за вработување на лица со попреченост, кој ќе придонесе за зајакнување на овие лица и нивно активно вклучување на пазарот на труд.

Директор на Канцеларијата на ОБСЕ, Матео Мекачи изрази уверување дека досегашната соработка со министерството ќе продолжи и во следниот период, особено во областа на родовите политики, лицата со попреченост и поддршката на лицата од ранливи категории на граѓани.

Министерката Тренчевска потенцираше дека поддршката и соработката со Мисијата на ОБСЕ за нашата држава е од големо значење, особено во делот на искуствата и експертизата која ја добиваме по многу прашања кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

Можете да прочитате

Мицкоски за аферата со шпионажа во кабинетот на Давкова: Тоа се глодари кои треба да ги заборавиме

„Алтус НЗ“ со концерт во македонскиот КИЦ во Истанбул

Повикана Брза помош, на еден од обвинетите за трагедијата во Кочани не му било добро