Утрински Весник
Македонија

Влада: Се зголемува надоместот за приватизација на градежното земјиште за 30 пати

Влада: Се зголемува надоместот за приватизација на градежното земјиште за 30 пати

Владата на денешната седница ја донесе Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште.

„Со Уредбата, предвиден е повисок износ на надомест (30 пати поголем од до сега предвиденото) за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост со намена: предвидено колективно домување со актите за планирање на просторот кое не е реализирано, комерцијални, деловни, стопански, производни и објекти наменети за спорт и рекреација“, велат од Владата.
Оттука додаваат дека предложената измена се врши поради зголемената пазарна вредност на градежното земјиште во однос на вредноста на градежното земјиште во 2005 година, кога стапи во сила Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост.

Можете да прочитате

НИ СЕ ВРАЌААТ ЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ: Пред нас многу сонце и значително потопло време!

ЦУК: Гори депонијата во Вардариште

ДУИ објави имиња на кандидати за неколку општини, Фатмир Дехари ќе трча за уште еден градоначалнички мандат во Кичево