Утрински Весник
Македонија

Од утре учениците без маски во училиштата

Од утре учениците без маски во училиштата

На денешната владина седница е донесена одлука за прифаќање на предлогот на Комисијата за заразни болести за олеснување на дел од ковид-мерките кои важеа за учениците во основните училишта.

Основницте ќе можат да посетуваат настава со физичко присуство без задолжително носење заштитна маска. Одлката стапува на сила од утре и важи сé до доставување на евентуален нов предлог од страна на Комисијата за заразни болести. Оние ученици кои ќе сакаат, можат и понатаму да носат заштитна за време на престојот во училишниот објект.

Министерството за образование апелира на доследно почитување на сите останати мерки за справување со пандемијата кои се на сила и на одговорно однесување не само во училиштата, туку и надвор од нив, со цел непречено продолжување на наставата со физичко присуство како опција која е од најдобар интерес за учениците.

Можете да прочитате

Спасовски: Најголемата неправда допрва ќе ја почувствуваат семејствата од Кочани

Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на ГП Богородица

Врачување на наградата „Роман на годината“ за 2025