Утрински Весник
Македонија

Обвинение против 22-годишник за производство и дистрибуција на детска порнографија

Обвинение против 22-годишник за производство и дистрибуција на детска порнографија

Велешкото Основно јавно обвинителство до Основниот суд во Велес поднесе обвинение против лице на возраст од 22 години за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.

На обвинетиот му се става на товар дека во јануари 2021 година преку сопствениот мобилен телефон набавил и поседувал видеоснимки со детска порнографија.

Користејќи ја мобилната апликација „Телеграм“ инсталирана на мобилниот телефон, со сопствен кориснички профил, ѝ се приклучил во групата „Јавна соба“ со намера да прегледува фотографии и снимки со експлицитна содржина.

На телефонот презел повеќе фотографии и видеоснимки со експлицитна содржина, меѓу кои и видеоснимка со очигледни полови дејства помеѓу жена и дете на возраст под 10 години, како и видеоснимка со очигледни полови дејства помеѓу деца – момче и девојче на возраст под 18 години.

Таквите видеоснимки ги зачувал во својот мобилен телефон, што е утврдено од извршената форензичка анализа на телефонот.

Надлежниот јавен обвинител доставил предлог да продолжат мекрите на претпазливост, кои му биле веќе определени на обвинетиот во текот на истражната постапка.​​

Можете да прочитате

Чупеска: Институциите овозможуваат и не спречуваат насилства

Зајкова: Оставки од сите што молчеа додека градот се труеше

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да им се извини на граѓаните за здравствените, еколошки и национални катастрофи во негово време