Утрински Весник
Свет

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро префрлен во болница

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро префрлен во болница

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е префрлен во болница откако се чувствувал „непријатно“, изјави неговиот министер за комуникации, Фабио Фарија.

Фарија изјави дека Болсонаро се чувствува лошо и оти отишол во болница на тестирање бидејќи има историја на интестинална опструкција.

Медиумите потсетуваат дека Болсонаро беше хоспитализиран во јануари поради интестинална опструкција која беше отстранета и потоа не беше потребна операција. Блокадата беше неговата последна компликација откако беше прободен со нож во стомакот за време на кампањата во 2018 година.

Тој потоа беше нападнат на предизборен митинг во јужниот град Јуиз де Фора, и беше прободен во црниот дроб, белите дробови и цревата. Имаше четири операции поради нападот со нож.

Можете да прочитате

Жена обвинета откако мало дете е пронајдено во куфер во Нов Зеланд

Пакистан и Иран имаат за цел да ја зголемат билатералната трговија на 10 милијарди долари

Анкета: Само 16 проценти од Германците „дефинитивно“ би се бореле за својата земја