Утрински Весник
Култура

На 7 мај, избори за ново Претседателство на Друштвото на писатели

На 7 мај, избори за ново Претседателство на Друштвото на писатели

Во сабота, на 7 мај 2022 година во 12:00 часот ќе се оддржи Изборно собрание, односно редовни избори за Претседателство на Друштвото на писателите, кое вклучува избор за Претседател на ДПМ и Претседател на Собранието на ДПМ, заедно со останатите членови на Претседателството на ДПМ.

Гласањето ќе се одвива во просториите на ДПМ, со почитување на важечките Ковид протоколи, информираат одговорните.

Кандидатите-писатели за овие функции според Статутот на најголемата писателска асоцијација во нашата земја, кандидатурите ги поднесуваат заедно со Програма срочена на не повеќе од 3 страници, која претходно треба да биде испратена до членството, како и на мејл адресата на Претседателството на ДПМ – drustvonapisateli@gmail.com.

Рокот за поднесување на кандидатури е до 15 април 2022 година.
Во согласност со Статутот, за успешно ќе се смета гласањето во кое ќе биде обезбеден кворум со просто мнозинство од најмалку 50 проценти од вкупниот број членови на Друштвото, кое брои над 300 живи членови, што ја става маргината на над 150 присутни членови. Во спротивно, гласањето ќе биде повторено и Друштвото ќе остане без ново раководство, сѐ до спроведување успешен гласачки процес, додаваат од Друштвото на писатели на Македонија.

Текстот На 7 мај, избори за ново Претседателство на Друштвото на писатели е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“