Утрински Весник
Свет

Берлин го забрани симболот за поддршка на руската војска – буквата „З“

Берлин го забрани симболот за поддршка на руската војска – буквата „З“
Dik 300x250 mk

Носењето на симболот „З“ за поддршка на руската армија ќе биде кривично гонето во Берлин во иднина.

Берлинската сенаторка за внатрешни работи Ирис Шпренгер за весникот „Тагешшпигел“ изјави дека ако има контекст со војната, употребата на белата буква „З“, како што може да се види на руските воени возила, претставува поддршка за агресија.

Во Берлин на прозорите и вратите на некои возила можеше да се забележи симболот „З“, поради што реагираа берлинските власти.

Шпренгер рече дека тој што јавно ќе го употреби рускиот симбол „З“ ќе биде кривично гонет.

Основа за забраната на симболот „З“ е став 140 од Кривичниот законик, со кој се казнува поддршката на одредени дела. Предвидена е казна до три години затвор или парична казна.

Забрана за симболот „З“ најавија и провинциите Долна Саксонија и Баварија.

Во другите провинции беше иницирана дискусија за забраната за јавна употреба на симболот „З“.

Можете да прочитате

Еден милион корисници на ChatGPT неделно сакаат да се самоубијат, објави OpenAI

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција

Украинците погодија брана во Русија