Утрински Весник
Македонија

Се расчистува голема депонија во Шуто Оризари

Се расчистува голема депонија во Шуто Оризари

ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на изминатиов викенд започна активности за отстранување голема дива депонија лоцирана во скопската општина Шуто Оризари, во непосредна близина на спортската сала.

„ Во координација со Градот Скопје и општината Шуто Оризари, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје викендов започнаа со отстранување на исклучително обемна дива депонија лоцирана во оваа скопска општина. Станува збор за дива депонија составена од мешан комунален, кабаст и градежен отпад што досега во повеќе наврати била расчистувана и континуирано повторно се создава. Активностите на ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжат и во текот на оваа недела, а очекуваме до крајот на акцијата да бидат подигнати приближно 400 кубни метри несовесно одложен отпад. Апелирамe до граѓаните својот отпад да не го одлагаат на јавни површини и на тој начин заедно да ја заштитиме животната средина и јавното здравје“ изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Зухди Енуз.

Можете да прочитате

Патриотизмот не е парола, туку одговорност

СТАНОВИТЕ СТАНАА ЛУКСУЗ: Скопје поскапува, а во Европа квадрат чини и над 22.000 евра

ЛДП: На кој Мицкоски да му веруваме — на оној од април или на оној од август?