Утрински Весник
Свет

Градоначалникот на Мариупол: Градот е на работ на катастрофа

Градоначалникот на Мариупол: Градот е на работ на катастрофа

Украинскиот град Мариупол, кој се наоѓа на југот на Украина е на работ на хуманитарна катастрофа и мора целосно да се евакуира, изјави градоначалникот Бојченко.

Тој рекол дека околу 160.000 цивили се заробени во градот без струја, пренесе „Ројтерс“.

Дваесет и шест автобуси чекаа да ги евакуираат цивилите, но руските сили не се согласија да им дозволат безбедно поминување, додаде Бојченко.

„ Руската федерација си игра со нас“, обвини тој.

Можете да прочитате

Шпанската полиција заплени рекордни 30 тони кокаин на товарен брод

Смртоносен вирус на крузер – експертите велат нема опасност од глобално ширење

Русија прогласи примирје поради воената парада