Утрински Весник
Свет

Соборен проектил кој требало да падне во Киев

Соборен проектил кој требало да падне во Киев

Украинските власти соопштија дека доцна синоќа собориле руска ракета која требало да падне врз Киев.

Наместо ракета на градот, остатоците од ракетата паднале врз куќа во кварт на Киев, по што избувнал пожар.

Украинските служби за итни случаи соопштија дека куќата во Киев се запалила откако врз неа паднале фрагменти од проектилот, кој го погодила украинската ПВО.

Оттаму додаваат дека пријавата за пожарот ја добиле во 23 часот и 12 минути. До 0:27 часот пожарот бил локализиран, а до 01:24 часот изгаснат.

Можете да прочитате

Смртоносен вирус на крузер – експертите велат нема опасност од глобално ширење

Русија прогласи примирје поради воената парада

Зеленски: Русија е во фаза каде што нивната главна парада зависи од нас