Утрински Весник
Спорт

Канада и САД изборија пласман на СП во Катар

Канада и САД изборија пласман на СП во Катар

Фудбалската репрезентација на Канада избори пласман на Светското првенство во Катар. Последен пат, Канаѓаните биле дел од најголемата фудбалска смотра пред 36 години. На чекор до пласман на СП се и САД односно Мексико.

Канада лесно се справи со Јамајка и го обезбеди првото место во оваа квалификациска зона. Головите за Канада ги постигнаа Ларин, Бјуконен, Хојлет, а автогол си постигна Мариапа во последната минута од натпреварот.

Последен пат Канада била дел од СП во 1986 година, во Мексико.

САД, со хет-трикот на Кристијан Пилишиќ ја победија Панама со 5:1. Американците се речиси на Мундијалот. Во последното коло не треба да загубат со повеќе од пет гола разлика за и официјално да изборат место на Мундијалот. Во последната рунда САД ќе играат против Костарика. Оваа селекција ќе биде четврта и ќе игра во Интерконтинеталниот бараж.



Во последното коло еден бод им е потребен на Мексиканците за да го обезбедат третото место.

Мексико со голот на Алварез, забележа минимална победа во Хондурас.

> Канада и САД изборија пласман на СП во Катар <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина