Утрински Весник
Спорт

Македонските фудбалери пристигнаа во Порто (фото)

Македонските фудбалери пристигнаа во Порто (фото)

Македонската фудбалска репрезентација по долг лет пристигна во еден од најзападните градови во Европа, Порто, каде што во вторник ќе се сретнат со гигантите Португалија во најважниот меч во историјата на македонскиот фудбал.

Момците на селекторот Благоја Милевски се во добро расположение по славната 0:1 победа над Италија на гости и се подготвени да приредат уште една фудбалска сензација и да го елиминираат моќниот противник со состав полн со големите фудбалски ѕвезди како Кристијано Роналдо, Бернардо Силва, Жоао Феликс и Бруно Фернандеш.

Утре репрезентацијата ќе има тренинг пред мечот во вторник.

> Македонските фудбалери пристигнаа во Порто (фото) <

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет