Утрински Весник
Свет

Украина: Путин сака корејско сценарио

Украина: Путин сака корејско сценарио

Шефот на воената разузнавачка служба на Украина вели дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да побара да се подели Украина на два дела – како Северна и Јужна Кореја.

Генералот Кирило Буданов, шеф на Украинската одбранбена разузнавачка агенција, изјави дека руските операции околу Киев пропаднале и оти сега е невозможно руската војска да ја собори украинската влада. Војната на Путин сега беше фокусирана на југот и истокот на земјата, рече тој.

„Постои причина да се верува дека тој размислува за корејско сценарио за Украина. Односно, руските сили ќе се обидат да наметнат линија на поделба меѓу неокупираните и окупираните територии на нашата земја. Всушност, тоа е обид да се создаде Северна и Јужна Кореја во Украина“.

Буданов рече дека Русија се’ уште има намера да воспостави копнен коридор од руската граница до Крим и изјави дека очекува обид за обединување на териториите окупирани од Русија во една единствена целина.

„Веќе гледаме обиди за создавање паралелни власти на окупираните територии и принудување на луѓето да се откажат од украинската валута“, рече Буданов, додавајќи дека очекува Украинците да се спротивстават на политичките напори на Русија.

Можете да прочитате

Трамп ја повтори својата поддршка за Нетанјаху пред изборите во Израел

Русија погодила товарен брод што пловел кон Одеса, шестмина повредени во напади врз Украина

Лула да Силва освои четврти претседателски мандат во Бразил, Болсонаро одбива да го признае поразот