Утрински Весник
Свет

Русија го блокираше пристапот до најпопуларниот весник во Германија – „Билд“

Русија го блокираше пристапот до најпопуларниот весник во Германија – „Билд“

Русија го блокираше пристапот до порталот „Билд“, најчитаниот германски весник, јавува руската државна новинска агенција РИА Новости. Причината не е наведена.

Барањето за блокирање на пристапот до „Билд“ во Русија беше примено на барање на Канцеларијата на главниот руски обвинител, а државниот регулатор Роскомнадзор го одобри барањето и го спроведе, пренесува РИА.

„ Билд деноноќно известува за агресивната војна на Путин во Украина, и на германски и на руски јазик. Одлуката на руските цензури да го блокираат нашиот портал потврдува дека нашите новинари работат на промовирање на демократијата, слободата и човековите права“, изјави шефот на „Билд“, Јоханес Бои, за Си-Ен-Ен.

„ Нивната одлука дополнително не охрабрува да им дадеме на руските граѓани уште повеќе можности да ги добијат вестите и фактите независно од руската државна пропаганда“, додаде тој.

Можете да прочитате

Макрон: Француската морнарница пресретнала танкер за нафта од Русија под сомнение дека пловел со лажно знаме

Трамп: Преговараме за целосен пристап до Гренланд

Зеленски во Давос упати жестока критика за европските лидери