Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Радев: Нема да дозволам Бугарија да се вклучи во конфликтот во Украина

Радев: Нема да дозволам Бугарија да се вклучи во конфликтот во Украина
300x250 opst2

Нема да дозволам Бугарија да се вклучи во конфликтот во Украина, изјави бугарскиот претседател, Румен Радев. Тој одговори на прашањето дали само Бугарија и Унгарија не и’ испратиле оружје на Украина: „Како шеф на државата нема да дозволам Бугарија да биде вклучена во овој конфликт. Јас сум избран да ја бранам безбедноста на Бугарите и мирот во Бугарија. Цената на војната ја плаќаат граѓаните, а не оние кои проповедаат на телевизија“, рече шефот на државата.

Тој посочи дека негова грижа е народот.

Радев одговори и на прашање во врска со видеото на Амбасадата на Руската Федерација, објавено претходно денеска, на кое се гледа лансирање ракети од руски инсталации на воени локации во Украина.

„Очекувам не само амбасадорот на Руската Федерација туку сите амбасадори во Бугарија да работат и да зборуваат во рамките на нивниот статус со почитување на бугарските институции и суверенитет“, рече претседателот.

 

Можете да прочитате

Најмалку четворица загинати и 12 повредени во пукање за време на прослава во Мисисипи

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД