Утрински Весник
Свет

(Видео) Русите објавија снимка од уништување на противракетен систем кај Киев

(Видео) Русите објавија снимка од уништување на противракетен систем кај Киев

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руските сили со високопрецизно ракетно оружје го уништиле украинскиот противвоздушен ракетен систем Бук во регионот на Киев.

„Ракетниот напад го изврши оперативно-тактичкиот комплекс „Искандер“, а контролата на ударот ја изврши дрон. Системот за противвоздушна одбрана е уништен со прецизен удар во целта“, соопшти Министерството.

Претходно руската армија објави дека извршила нови ракетни напади врз воени цели во западна, централна и југозападна Украина.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека крстосувачките ракети „Калибар“, лансирани од бродот, уништиле складиште за муниција и оружје во близина на населбата Велики Коровинци во регионот Житомир.

„Исто така, високопрецизната крстосувачка ракета Оникс ја уништи базата за гориво во регионот на Миколаев, која ги снабдуваше со гориво вооружените сили на Украина во јужниот дел на Украина.

Можете да прочитате

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија

Пекинг бара од САД да ги прекинат официјалните контакти со Тајван