Утрински Весник
Свет

Украина: Постигнат е договор за десетина хуманитарни коридори

Украина: Постигнат е договор за десетина хуманитарни коридори

Заменичката на украинскиот премиер Ирина Верешчук рече дека е постигнат договор за десет хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од опколените украински градови.

Во телевизиско обраќање, Верешчук рече дека цивилите кои се обидуваат да го напуштат Мариупол во јужна Украина ќе мора да го сторат тоа со приватни возила, бидејќи руските воени сили не дозволуваат автобуси да минуваат низ контролните пунктови на пат кон пристанишниот град.

Ројтерс додава дека не може да ја потврди оваа информација од независни извори. Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат дека не успеале да ги евакуираат цивилите од опколените градови. Најлоша е ситуацијата во Мариупол, кој Русите го уништија целосно за едномесечно бомбардирање, а населението се крие без храна, лекови и друга помош.

Можете да прочитате

Трамп ја нарече Норвешка „скапана земја“ поради одлуката да не му биде доделена Нобеловата награда за мир

Нуњез: За време на протестите во викендот во Франција, приведени се 1.435 лица, полицискиот час е се уште на сила

Авион во Франкфурт се обидел да полета во погрешна насока