Утрински Весник
Свет

Медведев: Западните санкции ќе го консолидираат руското општество

Медведев: Западните санкции ќе го консолидираат руското општество

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик претседател на Советот за безбедност на ОН, Дмитриј Медведев, изјави дека западните санкции ќе го консолидираат руското општество и нема да предизвикаат незадоволство кај владата.

„Глупаво е да се верува дека западните санкции против руските компании може да имаат каков било ефект врз владата во Москва. Санкциите само ќе го консолидираат руското општество и нема да предизвикаат народно незадоволство кај владата“, рече Медведев во интервју за руската новинска агенција РИА новости.

Медведев кажа дека анкетите покажуваат оти три четвртини од Русите ја поддржуваат одлуката на Кремљ да спроведе воена операција во Украина, а уште повеќе го поддржуваат Путин. Медведев рече дека руската Влада ќе мора сама да најде „соодветни решенија“ за да го поттикне развојот на авијацијата, автомобилската индустрија, ИТ и другите индустрии.

Можете да прочитате

Сајбер-напад создаде хаос на неколку европски аеродроми

Добил сметка за телефон од 37.621 евра поради интернет во роаминг – корисникот тврди едно, операторот друго

Германија на пат кон строга забрана за пушење во возила со деца или бремени жени