Утрински Весник
Свет

Авторката на „Хари Потер“ со реакција откако Путин ја спомна во говор

Авторката на „Хари Потер“ со реакција откако Путин ја спомна во говор
Dik 300x250 mk

Џ.К. Роулинг, авторката на романите „Хари Потер“ што денеска ја спомна рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека „Западот се откажал од Џ.К. Роулинг, а сега сака да се откаже и од Русија“, му одговори на рускиот претседател.

Таа на „Твитер“ сподели статија за затворениот критичар на Путин, Алексеј Навални и напиша: „Критиката на западната култура за откажување (‘cancel culture’) не треба да доаѓа од оние кои моментално убиваат цивили кои пружаат отпор или од оние кои ги затвораат и трујат нивните критичари“.

Заедно со твитот, таа ја стави и назнаката #ISTandWithUkraine (Стојам покрај Украина).

Претходно во својот говор, Путин ја критикуваше т.н. култура за откажување на Западот и рече дека е невозможно да се замисли такво нешто да се случи во Русија.

Рускиот претседател ја наведе авторката на „Хари Потер“ Џ.К. Роулинг како личност што била „откажана“ поради нејзиниот став за родовите права.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим