Утрински Весник
Свет

Командант во руската армија најави важна промена во стратегијата

Командант во руската армија најави важна промена во стратегијата
Dik 300x250 mk

Командантот на руската армија Сергеј Рудскoј изјави дека Русија сега ќе ги насочи своите напори на целосно ослободување на Донбас, регион во источна Украина каде што се наоѓаат проруските сепаратистички региони Луганск и Донецк.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека Русија разгледува две опции за својата специјална воена операција – едната за цела Украина, а другата за Донбас.

Коментарите на рускиот воен командант, цитирани од руските државни новински агенции, сугерираат дека Русија би можела да ги намали своите апетити во Украина.

Рудској, началникот на главниот оперативен оддел на Генералштабот на руските вооружени сили, изјави дека 93 отсто од Луганск и 54 отсто од Донецк се под руска контрола.

„Русија го уништи огромното мнозинство на воздухопловните сили и морнарицата на Украина, означувајќи успешен крај на првата фаза од конфликтот“, вели Рудској.

Сепак, Министерството за одбрана не ја исклучува можноста за освојување на украински градови кои се под блокада и соопшти дека Русија веднаш ќе реагира на секој обид за воведување зона на забранети летови над Украина, што украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано го бара од Западот.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот