Утрински Весник
Свет

Германија прими повеќе од 250.000 украински бегалци

Германија прими повеќе од 250.000 украински бегалци

Повеќе од четвртина милион бегалци кои бегаат од војната во Украина пристигнале во Германија, соопшти германското Министерство за внатрешни работи.

Германската полиција до петок регистрирала 253.157 бегалци. Вистинскиот број на бегалци кои пристигнуваат може да биде значително поголем поради недостатокот на гранични проверки меѓу Полска и Германија, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи за Си-Ен-Ен.

Повеќето од бегалците кои пристигнуваат во Германија се жени, деца и постари лица, изјави портпаролот.

Од почетокот на руската инвазија пред повеќе од четири недели, повеќе од 3,6 милиони Украинци ја напуштиле земјата, а повеќе од два милиони заминале во Полска, според статистиката на Обединетите нации.

Половина од сите украински деца се раселени од почетокот на рускиот напад на 24 февруари, пишува CNN.

Можете да прочитате

Трамп: Постои добра шанса за договор со Иран

Литванија го повика НАТО да ја нападне руската енклава Калининград

Пукање во џамија во Сан Диего: Петмина мртви, осомничените извршиле самоубиство